Амнестија за „Крвавиот четврток“- кој се ќе се спаси?

 Закон за помирување и интеграција – во решение со ваков наслов спас од затвор за крвавиот четврток ќе добијат патениците Муковски, Арнаудов и Василевски, кои гласаа за отворање на Уставот, но и нивните коелги од обвинителата и осбраниската клупа, Тарчуловски и Димовски, брифираат за ТВ 24 извори од валста. Според истите извори , од затвор ќе куртулат и сите оние кои влегле во Собранието , но не тепале. Во оваа категорија спас гелдаат ,организаторите на протетите „За заедничка Македонија, како Игор Дурловски, Богдан Илиевски, Борис Дамовски. Амнестија нема да има за организаторите, доколку бидат откриени, за оние кои тепале пеатеници, новинари, служби,за оние кои признале насилство, како и за осудените за убиство во обид за Зијадин Села.

Законот формално ќе биде на предлог на осумте пратеници што гласаа за отворање на уставот, сепак според информаиите во неговиот текст се вклучени и СДСМ и ДУИ. Освен за амнестија, преку телото уште еднаш ќе с едаде поддршка за Уставните измени, како и з а судските реформи, во однос на ЕУ и НАТО. Од тн. Тело за помирување пак без конкретни детали, само велат дека очекувата пред нова година да биде се завршено. Велат очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во работата.

„На крај настаните од 27 ми април треба да бидат заокруени и ја повикувам мојата матичлна партија да влезе во процесот од почеток зошто знаеме кои луѓе и како беше целата цлучка.“ - вели Емилија Александрова, копретседавач на телото за помирување.

Повикот не доволен да ги премисли пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Повторуваат дека нема да учествуваат во селективна амнестија-велат ќе го поддржат решенето само е амко се однесува буквално на сите обвинети, осомничени и осудени за Крвавиот четврток.

„Видовме дека тоа тело може да заличи ан тело за порамнување и од таа причина нема да учествуваме во истото.“ - вели Никола Мицевски, координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ.

За власта пак оправдана е политичка одлука со која ќе се направи јасна разлика како што велат, од оние кои биле заведени, и оние кои учествувале во насилство, и го организирале.

„Сметам дека во јавноста е неподелено за разликите во мислењето поврзано со одговорноста за организирањето на тој настан, извршувањето на нсилството  командната одговорност поврзана со истите и заведените граѓани кои не извршиле насилство.“  вели Хари Локвенец, СДСМ.

Дека ќе има амнестија за Крвавиот четврток, потврди и премиерот Зоран Заев во интервју за Алсат М, иако претходно тврдење дека за 27 април сите ќе одговарат.

„Донесување на закон за аменстија, веројатно прво ќе ми се свртат тие луѓе против мене. Граѓаните ќе ми се свртата, зошто законот мора да ваи еднакво за сите.“  изјави Зоран Заев.

Можноста за аменстија Заев ја отвори на стартот на уставните измени во собранието, иако наместо амнестија спомена помиорување, но порача дека е подготвен да плати политичка цена за тоа. Веднаш по оваа изјава, судот ги прифати гаранциите и ги пушти Василевски и Арнаудов да се бранат од слобода. Домашниот притвор за Мукоски беше укинат само неколку часа пред тој да гласа за отворање на уставот. И пратениците и Заев тврдеа дека нема политички пазар за амнестија.