Американски разузнувачки: Русија ја користи Бугарија за остварување на своите цели
Македонија или Бугарија - Кој е „рускиот тројански коњ“? Копретседателот на македонско-бугарската историска комисија, Ангел Димитров ја посочи земјава како блиска до Москва, а извештајот на американските разузнавачи нотира – Русија ја искористува корупцијата за да купи влијание во европски земји, меѓу кои и Бугарија.
Во извештајот на Националната разузнавачка служба на САД, кој содржи информации заклучно со 21 јануари, а декласифициран минатиот месец, се наведува дека Русија ја користи корупцијата како ефективна алатка за надворешна политика, за да ги унапреди своите геополитички цели и да купи влијание во други земји.
- Русија ја искористи корупцијата за да помогне во развојот на мрежи за покровителство во земјите, вклучително и Унгарија, Бугарија, Словачка и Украина, да влијаат на донесувањето одлуки и да помогнат во извршувањето на руските надворешни работи цели на политиката. - велат од Националната разузнавачка служба на САД.
Димитров во колумната за БГНЕС пак, тврди - Македонија е држава која е генетски поврзана со Србија и Русија.
Екс разузнавачот Александар Диневски за ТВ24 вели – Американските разузнавачи точно ја оцениле улогата на посочените земји во ЕУ како протагонисти на руската политика и интереси. Според него, ставот на Бугарија кон Македонија денес е идентичен со ставот на Русија кон Украина.