Американски експерти дигитално ќе ја документираат црквата Света Софија
Foto

Американски експерти дигитално ќе ја документираат црквата Света Софија

Еден од најрепрезентативните споменици на културата во Македонија, катедралната црква Св. Софија ќе биде дигитално документирана. Документирањето на екстериерот и ентериерот на црквата , со фокус на фреските го врши тим од  американски експерти од CyArk компанијата.Податоците ќе се документираат на три нивоа. Ќе се користат беспилотни дрон летала, земјени ласерски скенирања и фотографирања од земја се со цел целосно да биде документирано богатството на црквата.  На крај ќе се креира 3Д површински модел информира археологит Кејси Хадик.

„На црквата ќе работиме една недела за да ја документираме  во 3 Д технологија. Ќе се вратиме во Калифорнија каде што ќе продолжиме да го доработиме процесот околу еден месец, потоа моделот ќе го вратиме во Охрид како конзервиран проект“ - Кејси Хадик-археолог

Според планот проектот за Св Софија ќе донесе сет производи за конзервација,висински орто слики и планови,кои ќе помогнат во управување и следење на состојбите со објектот. Добиените податоци ќе бидат искористени за да се изработат архитектонски цртежи, цртежи во размер и детални планови кои треба да им  помогнат на нашите експерти од министерството во евалуацијата на локалитетот и изработката на деталните планови за понатамошната реставрација на истиот.  Собраните податоци ќе бидат архивирани и сочувани и достапни за генерациите кои доаѓаат.

„Црквата е неверојатна. Тука има толку многу историја. Го видов градот, музеите, езерото неверојатно е да си тука. Толку сум воодушевен од историјата и археолошките локалитети, прекрасно е “ -  Кејси Хадик-археолог

Црквата Св. Софија ја красат прекрасни фрески од 11,12, и 14 век и се едни од најубавите примероци на фреско сликарството од тие периоди. Моментално истите се наоѓаат во лоша состојба и ова  ќе биде прв поголем процес на реставрација на фреските после 1950-та година. 

0 Коментари

Остави коментари