Американската противвоздушна одбрана пресретнала и соборила еден дрон

Американската противвоздушна одбрана пресретнала некои ирански беспилотни летала насочени кон Израел и ги соборила, соопштија американските власти.

Од Белата куќа соопштија дека се во постојаа комуникација со израелските власти и дека заседава Советот на безбедност каде е наложена целосна подготвеност да се пресретнат леталата.

Американските системи за противвоздушна одбрана на Блискиот исток пресретнале некои ирански беспилотни летала, според двајца американски официјални лица, но изворите не прецизираа како САД ги пресретнале беспилотните летала и каде.

Техеран лансираше трет бран беспилотни летала кон израелска територија, објавија локалните медиуми. Се очекува првите ирански беспилотни летала да стигнат до Израел за нешто повеќе од два часа. Вториот бран беспилотни летала Шахед е над ирачкиот воздушен простор.

Се огласи и Обединетото Кралство и оттаму велат  дека не распоредуват средства за пресретнување на ирански беспилотни летала, туку обезбедуваат поддршка на американските средства кои се прераспоредени од операциите против ИСИС во Ирак, Сирија и Либан.

Доколку иранско беспилотно летало или ракета влезе директно на таа територија, Велика Британија ќе оперира таму, велат дека ова не треба да се гледа како заедничка операција.