Американската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки
Американската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки откако федералните резерви ја зголемија основната стапка за 0,25 процентни.
Иако надлежните служби велат дека банкарскиот систем е сигурен, сепак предупредуваат дека последиците од неуспесите на банките може да му наштетат на економскиот раст во следните месеци.
Во изминативе две години, ова е девето зголемување на каматните стапки во обид да се стави под контрола инфлацијата во земјата.