Амди Бајрам во 24 анализа: Бренд си е бренд, колку пијалоци ќе се испијат, толку гласови ќе добијам
Foto

Амди Бајрам во 24 анализа: Бренд си е бренд, колку пијалоци ќе се испијат, толку гласови ќе добијам

Амди Бајрам во денешното гостување на 24 анализа потенцираше дека е задоволен од политиката на сегашната власт на чело со премиерот Заев. Истотака изјави дека тој е поискусен политичар од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Подобро мене да ме избереа од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги извадев од кал“, рече тој. 

За разлика од него, за Заев не знаел дека дека има широко срце и отворен за комуникација што не било случај со Груевски.

„Сум имал 10 средби со него и сум многу задоволен од него и ја гледам иднината на Роми се што кажа се се остварило. Во овој момент сум толку близок со Заев што самиот ме прима и ми одговара кога и да му се јавам. Груевски не беше толку комуникативен.“  вели Бајрам.

Во врска со неговата кампања тој истакна едека е сериозен во намерата преку социјалните мрежи да ја започне преку неговата кампања за претседател на државата преку фејсбук и нагласи дека досега има собрани близу 100 000 лајкови.

„Силен сум многу, тоа е еден пробен балон како ќе биде меѓу граѓаните. Имам подршка од сите, познат сум кај сите. Бренд си е бренд нема да биде Кока Кола, туку Амди Кола. Колку пијалоци ќе се испијат, толку гласови ќе добијам.“ - убеден е Амди и покажа шише од пијалокот, но со негов лик.

Во однос на застапеноста на ромската популација, тој е убеден дека Роми добиле многу.

„Со мојот глас добивме сите Роми. Тие кои се дојдени се дошлаци, пола се од надвор, половина од Косово.“ - потенцираше тој.

Потенцираше дека денеска се отвори една многу важна врата за Македонија и дека со членството во НАТО ќе се отворат многу инвестиции во Македонија.

0 Коментари

Остави коментари