Амбасадорот Жерновски денеска повикан на консултации во МНР
Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски е повикан на консултации во МНР, информираат извори на ТВ 24 од министерството. Повикот му бил упатен денеска а, причините се уште не се откриваат.
Се очекува Жерновски наредните денови да дојде во Скопје од Букурешт, каде што ја обавува својата дипломатска функција и консултациите директно да ги обави со шефот на дипломатијата Муцунски.

