Амбасадорот Габер побара од пратениците да распишат референдум за ЕУ
Поранешниот амбасадор Виктор Габер поднесе преставка до Собранието со барање пратениците да иницираат постапка за распишување референдум за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.
Тој се повикува на Уставот и претходни стратешки декларации за евроинтеграција, предлагајќи и уставни измени поврзани со внесување на одредени народи во Преамбулата. Габер наведува дека одлуката на граѓаните на референдум би била обврзувачка за идната стратешка насока на државата.

