Амбасадата на САД ја поздравува пресудата за Владимир Панчевски
Foto

Амбасадата на САД ја поздравува пресудата за Владимир Панчевски

Амбасадата на САД ја поздравува пресудата за Владимир Панчевски. Денеска на социјалната мрежа твитер напишаа:

„Објавата на Основниот суд во Велес дека поранешниот претседател на Кривичниот суд во скопје, Владимир Панчевски, е осуден на три и пол години затвор за злоупотреби на Акмис е позитивен чекор напред за барање одговорност за оние што се обвинети за поткопување на судската независност“.

Инаку во минатото, Владимир Панчевски беше посочуван како пример за спрегата политика - судство. Во еден од извештаите на Стејт Департмент, заедно со уште четворица судии е посочен дека како судија дозволил политиката да се вмеша во судството.

0 Коментари

Остави коментари