Амбасадата на САД без конкретни детали за евентуалната содржина на црната листа
Проблемот со корупцијата е на масата на континуирани разговори меѓу САД и Македонија. Ваков одговор, за тв 24, денеска испрати американската амбасада во Скопје.
На прашањата кога ќе биде објавена црната листа за санкции, кои македонски политичари ќе се најдат на неа и што покажа скенот за корупција на тимот истражители од Вашингтон, од амбасадата велат.
- Соединетите Американски Држави се во континуирани разговори со Северна Македонија за овој проблем. - велат од Амбасада на САД во Македонија.
Ќе ја прифатиме црната листа како таква, вели премиерот Ковачевски. Немал сознанија за содржината и за тајмнигот на објавување, а оваа тема не ја отвориле ниту со советникот на Стејт Департментот Шоле, ниту со американската амбасадорка Агелер. Сепак, Ковачевски има намера да ја прифати црната листа, без оглед кои имиња ќе се појават на неа.
И додека САД испраќа пораки за корупцијата, а во земјата овие месеци се редеа судски афери, Македонија го затвори првиот кластер фундаментални вредности од билатералниот скрининг во Брисел. Токму во тој кластер се наоѓа и поглавјето 23 правосудство, за кој вицепремиерот Маричиќ вели дека бил еден од поуспешните скрининзи и очекува позитивен извештај во следните месеци од ЕК.
- Воопшто немаше дискусија за ниту еден скандал, но имаше длабински прашања за функционирањето на институциите, за резултатите во политиките коишто сами сме ги декларирале. И во однос на борба против корупцијата и организираниот криминал и во однос на заштита на правата на малцинствата и заедниците, но и за функционирањето на правосудството. - изјави Бојан Маричиќ вицепремир за европски прашања.
За време на скринингот на кластерот, Евопската Комисија, американската амбасада, француската амбасада, чешката амбасада и амбасадата на Шведска, земјата која во моментот претседава со ЕУ, за телевизија 24 испратија скоро идентитчна порака , а тоа е дека под лупа се следи состојбата со македонското правосудство и дека борбата против корупцијата мора да биде во фокус, ако Македија сака да чекори кон европскиот пат.

