Амандманска расправа за буџетот

Пред Комисијата за финансирање и буџет се 263 амандмани на буџетот за 2023-та. Двесте од нив се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу другото, се бара одложување на намерата од 1 јануари да се зголеми данокот на личен доход, што може да стимулира селење на бизнисите и неплаќање данок.

За Владата, овој предлог е неприфатлив. Најавува даночни реформи и посебна даночна стратегија, која треба да биде дискутирана и изгласана во Собранието до Нова Година.