Амандманите за измените изборниот законик ќе се разгледуваат во министерството за правда

Несогласувањата на партиите за промените во Изборниот законик кои вчера се манифестираа со околу 6.000 илјади амандмани што во собранието ги поднесоа владејачката ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе се разгледуваат на состанок во министерството за правда.

ДУИ со 5000, а ВМРО-ДПМНЕ со над 1.000 амандмани ќе се обидат да ги бликираат измените на изборниот законик кои се во собраниска процедура. СДСМ од друга страна поддржува измени со кои се предлагаат една изборна единица и отворени листи, и бара од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги повлечат амандманите и да се отвори дебата.