Амандмани на опозицијата - пратениците задолжително да имаат бојадисано јајце додека работат онлајн
Црвено јајце за Велигден пред камерата на пратеникот кој во услови на Ковид 19 ќе гласа на собраниска седница, но и посебен дрес код од дома кој сепак ќе одговарал на кодексот на облекување во законодавниот дом.
Ова се само мал дел дел од амандманите поднесени на опозицијата а кои се однесуваат на расправата на собраниската комисија за мандатно имунитетни и деловнички прашања на која пратениците треба да расправаат за он лајн гласање и следење на седниците на инфицираните пратеници од Ковид 19.
Од пратеничката група на СДСМ и денеска обвинуваат дека опозицијата на секој можен начин се обидува да ја блокира работата на Собранието.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска велат не отстрапуваат од своите позиции, бидејќи деловникот мора да се донесе со консензус, а со контра напад вратија ва парламентарното мнозинство дека амандманите кои ги поднеле се само последица на обидот да се истурка нешто за кое не се земаат во предвид опозициските ставови.
Во исчекување на тоа што ќе договорат народните избраници за начинот на кој собранието ќе продолжи да функционира и работи во услови на пандемија дел од точките чие донесување може да биде заглавено се Буџетот за следната година, ваучерите од последниот пакет-мерки на Владата, барањето за продолжување на кризната состојба во земјава.
Минатата седмица, откако сите пратеници од мнозинството кои беа во изолација се вратија на работа, парламентот успеа да ја почне постапката за измени на Деловникот, во скратен процедура. Но, неизвесно е дали ќе има кворум и за нејзино завршување во брзо време, со цел да се создадат услови за онлајн вклучување во работата на парламентот на пратеници кои се во изолација поради ковид-19.

