Амабасадорот на Ирска, земја – претседавач со советот на ЕУ: Поддршката за Македонија останува
Останува ли Македонија заглавена на европскиот пат. Додека земјата тапка во место, а реформите се блокирани, ниту власта ниту опозицијата не се подготвени на отстапки.
Од денеска, Ирска го презема претседавањето со Советот на Европската Унија..Проширувањето останува меѓу приоритетите на Даблин, но прашање е дали Македонија ќе ја искористи поддршката за членството во ЕУ...
Брендан Вард - Амбасадор на Ирска за Македонија
„Силно ќе ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија и ќе работиме заедно со партнерите во Унијата и со властите во Скопје за да видиме каков напредок може да се постигне.“
А додека во Брисел, во еден ден се оддржаа четири меѓувладини конференции со Украина, Црна Гора, Молдавија и Албанија, на домашен терен, македонските пратеници со обвинувања кој е виновен за блокадата на евроинтеграциите...
Антонио Милошоски – ВМРО-ДПМНЕ
„Македонија е спремна да разговара за тоа што треба да се направи дополнително за владеењето на правото, што треба да се направи за реформа во администрацијата, но навистина многу ни е тешко да разговараме за поглавја како политички суети и историски фрустрации.“
За опозицијата, власта е виновна дека Македонија заглави на евроинтегративниот пат.. На мотото на ирското претседателство гледаат како порака до домашните политичари...
Зијадин Села – Алијанса за Албанците
„Парламентарните избори од 2024 година не најдоа со отворени постапки за уставните измени . Денес во 2026 година се уште ниту еден чекор и нема ниту предвидување дека ќе има нешто во правец на ова.“
Моника Зајкова - ЛДП
„Со години сме заглавени во истите ровови и во истата матрица. Власта ја обвинува опозицијата, опозицијата ја обвинува власта, а државата стои во место. “
Халил Снопче – Алијанса за Албанците
„Ниту едно претседателство со Европската Унија не може да го надомести недостатокот на реформи. Не може да ја замени политичката волја, чувството за одговорност и вистинската посветеност на европските вредности.“
Во законодавниот дом, Ирска ги претстави приоритетите на претседателството со ЕУ. Конкурентност, заедничките вредности на унијата и безбедноста се трите столба на државата која ќе претседава со Советот на Европската Унија во втората половина од 2026та.

