Алушовски по триумфот над Флензбург: Забележавме голема победа
Foto

Алушовски по триумфот над Флензбург: Забележавме голема победа

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, изрази задоволство од прикажаното на неговите избраници кои синоќа забележаа победа над германскиот ракометен великан Флензбург.

Ова е голема победа која ќе ни даде потстрек за понатаму. Честитки до момците на карактерот, кои и покрај паузата од еден месец покажаа завидно ниво. Добро бевме подготвени и добро ја имавме анализирана играта на противникот. Двата бода се големи и ни го отвораат патот кон осминафиналето. Пред нас е нов натпревар, против Порто.  Посакувам уште еден добар меч, истакна Алушовски на прес-конференцијата по синоќешниот дуел.

За „црвено-црните“ ова е прва победа по два одиграни натпревара во А-групата од Лигата на шампионите, додека Флензбург го забележа првиот пораз во четвртиот свој настап.

0 Коментари

Остави коментари