Алтернатива влегува во владата - добива три министерски позиции
Три министерски загарантирани позиции од кои здравство, информатичко општество и тоа за дијаспора одат во „рацете“ на Алтернатива, плус две сигурни заменички места во ресорите образование и култура додека за третото заменичко место допрва ќе се преговара иако не е исклучок министерството за земјоделство, покрај овие позиции Алтеркатива ќе директорува и со МЕПСО, Агенцијата за странски инвестиции, Фонд за здравство, железници, Клинички центар Тетово, Агенција за странски инвестиции ова е исходот од договорот помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши - и двајцата, бројката од 47 директорски позиции дека се за Алтернатива не ја потврдија.
Ваквиот спогодбен договор Заев и Гаши го објаснија како резултат на идејата за земјава да стигне поблиску до членство во ЕУ, но и за да се излезе од политичката и економска криза. Клучен фактор појаснија им е обезбедувањето стабилна влада и мнозинство од 64 пратеници со можност за проширување од плус двајца пратеници.
Претседателот на ЛДП, Горан Милевски денеска изјави дека по одлуката на Алтернатива за влез во владата ќе размисли дали неговата партија ќе остане да биде дел владината коалиција.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повика останатите политички партии да реагираат на новата коалиција помеѓу Алтернатива и СДСМ.
Во договорот помеѓу Гаши и Заев има и 9 точки кои ги диктира Алтернатива, меѓу кои и тоа дека струјата да не поскапи повеќе од 20 отсто. Дополнително, Заев посочи дека на 12 декември СДСМ ќе има нов претседател, не криејќи го Димитар Ковачевски како свој фаворит, но и рече дека новиот претседател на СДСМ би бил и претседател на Владата.