Алтернатива вечерва ќе одлучува за идните чекори при евентуален влез на АA во Владата

Најтесното раководство на владејачката Алтернатива вечерва на средба во Гостивар ќе одлучува какви чекори ќе преземат во однос на евентуалниот влез на Алијансата за Албанците (АА) во Владата.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата не е дефинитивно, но шансите за тоа се огромни. Тој потенцира дека околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, но дека за кадровските решенија воопшто не разговарале.