Алпските градови и скијачки центри покриени со 30 сантиметри снег, снег и на Балканот
На Алпите врне обилен снег, а поради напливот на многу студен воздух од север, снежната линија на Алпите паѓа пониско од прогнозираните модели.
Вчера попладне врнеше снег на надморска височина од 1.500 м.н.в., но границата на врнежи од снег постепено се спушти на 1.100 мнв. Во вечерните часови снег почна да паѓа веќе на 900 метри, а локално паѓа веќе на 700 метри надморска височина и веќе ги покрива алпските градови, а висината на новиот снег моментално се движи од 10 до 20 сантиметри.
Австрискиот скијачки центар Обертауерн е покриен со 20 до 30 сантиметри и сè уште паѓа обилен снег.
Снегот стигна и на Балканот, па така, вчера, врвовите во Словенија беа покриени со тенка снежна покривка, а денеска се очекува снег да падне и на повисоките планини во Хрватска. Снег има и на Титов врв во Македонија.