Алкараз со многу мака до осминафиналето на Вимблдон
Двократниот шампион на Вимблдон Шпанецот Карлос Алкараз со многу напори успеа да го победи Германецот Јан - Ленрад Штруф со 3:1 во сетови и избори осминафинале. Следниот ривал ќе му биде Андреј Рублев.
Алкараз имаше убедлив старт и првиот сет го доби со 6:1 во гемови, а во следниот сет Штруф го доби сетот со 6:3 и изедначи на 1-1 во сетови. Германецот, кој се наоѓа на 125.место на АТП листата во следните два сета пропушти неколку шанси за да го изедначи резултат, а квалитетот на Алкараз му донесе победа.
Неговиот ривал во осминафиналето Рублев, денеска го совлада Адриан Манарино од Франција со 3-0 во сетови.
Од денешната програма на женскиот дел од турнирот имаше неколку елиминации на носителките. Американката Медисон Кејс загуби со 2:0 од Германката Лаура Зигмунд, а Елиса Мертенс од Белгија со 2:0 во сетови ја совлада Елина Свитолина од Украина.