Алкараз и Медведев лесно до четвртфиналето во Мајами
Карлос Алкараз и Данил Медвед без проблеми се пласираа во четвртфиналето на турнирот во Мајами.
Шпанецот беше подобар од Томи Пол кого го совлада во два сета, двапати по 6-4. Четвртфиналето за Алкараз ќе му донесе нов дуел со Американец и ќе се сретне со Тејлор Фриц кој помеѓу најдобрите осум се пласираше откако го елиминираше Холгер Руне исто така со 2:0.
Во преостанатите два четвртфинални парови се среќаваат Русувуори – Синер и Хачанов – Керундоло.