Алкараз доживеа непланирана елиминција

Вториот носител на Мастерсот во Мајами, Карлос Алкараз доживеа непланирана елиминција уште во својот прв меч од второто коло против Давид Гофин (2-1). 

Шпанаецот важеше за апсолутен фаворит и добро го отвори мечот. Алкараз прв загуби сервис на средината од сетот, а потоа одговори со два одземени сервиси и со 7-5 стигна до водство од 1-0. 

Следуваше целосно израмнет сет во кој Гофин успеа да одземе сервис во деветтиот гем, па потоа со 6-4 стигна до израмнувањето. Белгиецот изненадувачки тргна со брејк во третиот сет, а потоа успеа да го одбрани и да го потврди со уште еден за 6-3 и конечна победа. 

Во второто коло пласман забележаа и Табило, Накашима, Корда, Пол и Черундоло.