„Алкалоид“ отвори нови хоризонти во третманот на ГЕРБ со течниот Омепразол

Повеќе од 200 здравствени професионалци од областа на педијатријата, гастро-ентеро-хепатологијата, нутриционизмот, експерти од фармацијата и од фармакологијата, претставници на академската заедница, како и претставници на „Алкалоид“ учествуваа на првиот глобален настан под покровителство на компанијата посветен на најновите достигнувања во третманот на гастро-езо-фагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај доенчињата и кај малите деца.

Настанот во фокусот го имаше првиот патентиран течен Омепразол, иновација која носи значителни подобрувања во педијатрискиот третман на ова често заболување.

По патентирањето во септември 2023 година, течниот Омепразол за првпат беше пуштен во употреба во февруари 2024 година на пазарите во Македонија и во Обединетото Кралство, а оваа меѓународна конференција претставуваше извонредна можност за размена на клинички искуства, како и за споделување добри практики и иновативни пристапи во педијатриската пракса.

Омепразол растворот е достапен на пазарите во Македонија, Велика Британија, Ирска, Романија и Хрватска. Во моментов, производот се наоѓа во постапка за добивање на маркетиншка авторизација во повеќе други земји.