Алиу: Проектот за нов клинички во Скопје ќе се одвива паралелно со регионалните болници

Изградбата на регионалните болници ќе се одвива паралелно со проектот за нов клнички центар во Скопје – ова денеска го порача министерот за здравство, Азир Алиу.....

Новиот објект на штипската болница и натаму останува недовршен додека пациенти се лекуваат во дотраен објект, а  истото е и со кичевската болница која се гради повеќе од три децении...

Алиу вели дека регионализацијата на здравството останува во фокусот на министерството за здравство. 

Одлуката новиот скопски клинички центар да се гради во близина на градската болница „Осми септември“ е поради тоа што ќе биде поевтино и поедноставно за државата бидејќи дел од здравствената инфраструктура ќе се искористи од постоечката болница, ова го утврдила работната група која анализирала неколку локации. 

Претседателот на Владата пред неколку дена изјави дека очекува активностите за изградба на новиот клинички да стартуваат догодина, а во меѓувреме се преговара со сопствениците на земјиштето каде се планира изградбата, бидејќи е во приватна сопственост. 

Првиот човек на Фондот пак вчера порача дека пред да се гради новиот скопски клинички центар треба прво да се завршат регионалните болници и да се направи анализа.