Алиу: Предлог законот за пушење не е ригорозен туку европски
Предлог законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски - порача денеска министерот за здравство додавајќи дека целта е да се намали бројот на пушачи во државава како и трошоците за лекување на болестите предизвикани од цигарите.
Алиу вели дека во тек е јавна распраа и е отворен за дијалог со сите засегнати страни, но нема да дозволи хибридни модели на закони кои нема да имаат никаков ефекет во намалувањето на штетните ефекти од цигарите.
Азир Алиу – Министер за здравство
„Јас како министер за здравство нема да дозволам надвор од тие европски политики да креираме хибриден закон бидејќи тек тогаш од првиот ден законот нема да биде функционален. Ние и така сакаме да живееме во држава која има уредени средени законски инфраструктурани, здравствени и образовни политики, дефинитивно не сум за таков закон но ќе седнеме со бизнис заедниата и ќе разговараме“...
Според новиот предлог-закон, пушењето се забранува не само во, туку и пред влез на болници, игротеки, училишта и градинки, во сите видови јавен превоз, во службени возила, но и во приватно возило во присуство на дете...Ова се однесува на сите видови на цигари, вклучувајќи ги и електронските.
Во рестораните и кафулињата ќе биде дозволено пушењето во одреден простор, но само ако е отворен најмалку од три страни и да не биде преграден со стакло или пластифицирани фолии како што е сега случајот во повеќето угостителски објекти.
Освен тоа предлог-законот предвидува и забрана на рекламирање на цигари, забрана на продавање цигара на парче..Тутунската индустрија нема право да спонзорира јавни настани, а се забранува и производство, увоз, дистрибуција, продажба и ставање во промет на тутунски и никотински производи кои содржат ароми или вкусови. Казната ако ве фатат со цигара каде што не е дозволено пушење ќе биде сто евра, а за правни лица ќе се движи од 2.000 до 5.000 евра.
Од институтот за јавно здравје велат дека ваквите измени произлегуваат од статистиките во земјава кои покажуваат дека речиси половина од населението пуши, а дел од нив се малолетни деца.
Д-р Марија Андоновска – Директорка на ИЈЗ
„Според последниот извештај кој што е спроведен во буквално сите училишта во Република Македонија, цигарите се користат кај момчињата – 37,4% оние обичните, а 40,3% се користат електронските цигари, тоа е еден висок процент, зборуваме за деца на 15-16 годишна возраст па и помали и тоа не охрабрува да работиме во оваа насока за справување со оваа и те како штетна последица“.
Предлог законот предизвика поделени реакции во јавноста. Здравствените власти пак се децидни дека со вакви ригорозни закони ќе се заштитат идните генерации од негативните последици од консумирањето на тутун и никотин.

