Алиу: Кочани е во фокусот – родителите од Кочани бараат објаснувања за обвинението

Кочани е во фокусот и ќе се почне од таму, направена е работна група, утре состанок со директорката на болницата како и средби со граѓаните. Новоименуваниот министер за здраство Азир Алиу го најави својот амбициозен план за подобрување на состојбата во здраствениот систем. 

И додека властите уверуваат дека случајот во Кочани е во фокус и правдата ќе излезе на виделина. Блиските на жртивите од пожарот пак по девети пат и цели три месеци бараат одговорност за виновниците, со порака од обвинителството лично да ги запознае со обвинението, објасни кој е виновен а кој не и зошто е слободен, очекуваат транспарентност и директна комуникација со надлжните институции.

Сега назначениот министер пак запрашан за коментар околу состојбата со клиниката на онкологија што е доста актуелна во јавноста поради недостиг на хормонска терапија и условите за лекување, Алиу со проценка дека не само таму на многу клиники ситуацијата е хаотична, со најава за дисперзија на онколошкото лекување каде дозволуваат усовите.

Според најавената праграма на Алиу ќе се гради систем на пет столба како здраството би било политички независно, стабилно и сервис во служба за населението.