Алиу ќе го казни возачот кој прекрши низа прописи на булеварот „Партизански одреди“

Претекнување преку две ленти со вклучени флешери, газење на линиите за застанување на пешачки премин каде поминуваа пешаци, преминување од втора лента за приклучување на друга улица пред автобус кој чека на семафор за потоа низ крстосницата да се врати на булеварот.

Вака изгледаше „лудото“ возење со автомобилот сопственост на СОЗР, а во кое се превезува министерот за здравство Азир Алиу. Сето ова, се случуваше на булеварот „Партизански одреди“.

Снимката предизвика револт, особено што, возачот употребил и флеш-светилки. Започната е адмнистративна постапка за возачот и истиот исто така е казнет од страна на МВР“, вели во кусот одговор, без да одговори на нашето прашање, дали бил со него во критичниот момент.