Алиу и Меџити: Само нека пробаат да не разрешат!
Минситерот за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество Азир Алиу пред разрешување.
Според информации на ТВ 24 од СДСМ и од ДУИ се оечкува предлогот утре најрано да стигне до Собранието. Од крилото на зијадин секла велат дека веќе се дебатирало и за нови имиња, а барањето за разрешување ќе биде пратено до премиерот Џафери. Дека Ковачевски, Ахмети и Села веќе расчистуваат со позициите на поддржувачите на Арбен Таравари, говори и фактот што денеска беа рарзешени двајца директори кои застанаа зад актуелниот лидер на партијата, Бујар Абази од Македонски пошти и Газменд Авдија од Агенцијата за странски инвестиции.
За нивно разрешување гласале и дел од замениците од Алијанса. И додека нивните до вчерашни сопартијци бараат нивни смени, Меџити и Алиу на вонредна прес конференција попладнево од пред владата, бидејќи не им беше дозволено да се обратат во владата, порачаа дека немаат намера да се повлечат. На сопратијците им порача нивните желби и барања не се легитимни.
Барањето за разрешување на двоецот кој што јавно застана зад Арбен Таравари стигна од т.н кадровска комисја на Алијанса за Албанците.
- Оваа одлука е донесена затоа што преку моќта на министерската функција, но без партиска позиција, двајцата министри спроведуваат дејствија кои се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и денешното јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ, посетувајќи го нејзиниот министер. - изјавија од Алијанса на Албанците - крило на Зијадин Села.
Актуелниот лидер на партијата пак вечерва на фејсбук им порача и на сопартијците и на политичките лидери дека 8 мај е блиску.
- Разликите што ги имаме во АА, оставете да ги решиме на наш демократски начин и не се срамете со вакви постапки бидејќи уцената не поминува кај ниеден член на АА каде било. - напиша Таравари.
Според информациите од власта, мнозинството има доволно гласови за рарзешување на министрите, бидејќи формално од 8 те пратеници, шест го поддржуваат Зијадин Села, а останатите двајца со Таравари.
Но, на контото на власта, од мнозинството сметаат и на гласовите на Бастри Бајрами и на Хусни Исмаили.