Алити за ТВ 24: Очекувам Ахмети да ја изменаџира кризата, не мислам дека нема да има нова партија

Рафис Алити поранешен потпретседател на ДУИ и на Собранието во емисијата 24 анализа истакна дека во ДУИ секогаш имало внатрепартиски дебати и критики. Добро е да го има тоа и ова сега што некој го нарекува дека има незадоволство, Ахмети имал потешки ситуации во минатото и знаеч да ги менаџира.

- Верувам дека со самиот факт што седнал со ограноците и незадоволните и оваа ситуација ќе ја среди и ДУИ ќе биде поцврста партија во иднината и на наредните избори. Дали ова ќе влијае во коалицијата за мнозинството, мислам де, зошто и тие незадоволни велат дека се дел од ДУИ. Со самото тоа што го покажуваат незадоволството во ДУИ, значи дека и во органите на партијата ќе се отвори дебата. ДУИ има централен комитет и претседател и според нашиот статут, претседателот ги има сите ингеренции. Ахмети да ја изменаџира кризата, во интерес на партијата. - вели Алити.