Алиспахиќ за ТВ 24: Законот за амнестија во ваква форма ги опфаќа осудените за помагање во „Монструм“
Адвокатот Асмир Алиспахиќ во емисијата 24 анализа рече дека сите добро го нзаат предметот на кој работел. Според официјалните извештаји како и релевантните фактори, овој случај е квалификуван како монтиран случај.
- Вклучен сум од првиот ден во случајот. Од првиот ден не бараме амнестија, туку правда за случајот и ќе продолжиме да ја бараме. Хаки Азири е правосилно осуден и пред неколку дена излезе соопштение од Врховен каде е повтрврдена првостепената и второтстепената на доживотно осудените. Ќе вложиме и лек кој е надвор од нашата држава, а тоа е судот во Стразбург. Очекувавме после таа одлука, дека единствената вистинска ќе биде ослободителна и видовме дека имаше многу процеси во самот процес. Сослушувањето на вештотот лице Николовска која потврди дека експертизата ја фалсификувала. Ќе покренеме кривична пријава за злоупотреба на службената должност. Законот за амнестија во ваква форма ги опфаќа осудените во „Монструм“. - вели Алиспахиќ.