Алијансата на Таравари и Алијансата на Села во клинч

Алијанса за Албанците на Зијадин Села го оспоруваат вчерашниот вонреден конгрес на Арбен Таравари. Оттаму реагираат дека истиот за да се нарече вонреден, делегатите кои се делегирани и назначени од членството на АА мора повторно да бидат повикани.

Според потпретседателот на АА, Ремзи Мехмеди, вчера немало партиски делегати, но имало луѓе, дури и од други партии. Се повикуваат на член 25 од важечкиот статут, кој го одредува начинот на кој се избираат делегатите на конгресот. Во отсуство на делегати нема конгрес, ниту легитимни или законски одлуки. Го повикуваат судот да ги земе в предвид важешките закони и статутот, документите и правилната листа на делегати. Aпелираат да не го злоупотребуваат името на Алијансата за Албанците, бидејќи според нив, Алијансата за Албанците има легитимен претседател- Села, со легитимни органи, претседателство и легитимно централно собрание. 

„Вчера немаше конгрес на Алијанса на Албанците, ниту редовен, ниту вонреден, ниту обичен спектакл ала Тараварче, срамна фарса со цел да се манипулира со јавноста. Правата, обврските и правилата на однесување во рамките на АА се запишани во Статутот на АА. За да може вчерашната партија да се нарече конгрес, учесниците требаше да имаат конгресни делегати избрани на редовниот конгрес на АА во 2022год. И кои се регистрирани во Основен суд Тетово, чиј мандат според статутот трае четири години, односно до 2026година. За да се нарече редовен, одлуката за прогласување на редовен Конгресот ја носи партиското собрание и таква одлука нема.“ - Ремзи Мехмеди-потпретседател на Алијанза за Албанците.

Со усвојување Декларација за политичко дејствување, Алијансата за Албанците (АА) на претседателот Арбен Таравари синоќа во Тетово го заврши петтиот вонреден конгрес. Таравари изјави дека декларацијата е надоградување на постојната од 2022 година и ќе биде политички патоказ до 2026 година. Потенцираше дека промените се потребни зашто сега партијата е дел од власта. На конгресот едногласно е избрано и Централното собрание на партијата.