Али Ахмети со отворено писмо за употребата на албанскиот јазик

Али Ахмети со отворено писмо до јавноста но и владата и уставниот суд дека како што вели Албанскиот јазик е предизвик за уставниот поредок и дека секое поткопување на Охридскиот рамковен договор значи и поткопување на темелите на државата и нејзината иднина .

Во дописот објавен на неговиот Ф.Б профил меѓудругото наведува.

СТАТУС 

Албанскиот јазик за мене не е и никогаш нема да биде предмет на преговорање. Јас го кажав и ќе го повторувам без никаква резерва: Охридскиот договор е темел на оваа држава и кој го доведува во прашање, ја доведува во прашање самата иднина на државата. Албанскиот јазик не е привилегија, туку стекнато право загарантирано со Уставот. Секој обид да се рела - тивизира или ограничи тоа право е директен предизвик на уставниот поредок и нема да помине без одговор.

Сепак во понатамошниот тек од дописот Ахмети и со прозивка до уставниот суд 

додавајќи

СТАТУС 

- Со загриженост се следат и одредени пристапи на институциите, особено во Уставниот суд.  Во ниту една сериозна демократија, како што посочува и самата Венециска комисија, тешкотиите во примената не се користат за делегитимирање на самиот принцип на владеењето на правото.  

Уставниот суд треба да се откаже од тоа да биде параполитична институција и инструмент на дестабилизирачки агенди .

Ова е мојот став. Јасен, непоколеблив и непроменлив:

• нема иднина без еднаквост,

• нема еднаквост без достоинство,

• и нема достоинство без албанскиот јазик како официјален јазик.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак во кусата реакција на писмото само наведуваат.

ВМРО-ДПМНЕ

- Заканите својствени од минатиот век треба да го оживеат поразениот Ахмети . Очигледно со ваков наратив ќе остане долго во опозиција . 

Билал Касами од Вреди пак во денешната изјава само посочи дека Ахмети имал 20 години да го реши ова прашање па сега во опозиција му текнало да говори за пропусти.

БИЛАЛ КАСАМИ

- Не би сакал да коментирам на изјавите во овој случај на опозициската партија, бидејќи таа имаше 20 години да ги реши овие проблеми кои ни ги остави денес како наследство. Но она што можам да кажам е дека ниту законот за јазиците, ниту албанскиот јазик, ниту било кое загарантирано право на Албанците и другите заедници во Македонија нема да биде нарушено на никаков начин, и оваа влада го гарантира тоа.

Инаку Уставниот суд веќе побара пријателско мислење од Венецијанската комисија во врска со предметите каде имаше  оспорени одредби од Законот за употреба на јазиците и беше објавено на англиски на официјалната страна . Дел од одговорите укажуваа на тоа дека  тешко е да се даде исцрпна листа на европските и меѓународните стандарди кои што се применуваат при употребата на малцинските јазици во јавниот живот, ако се земат предвид различните ситуации што произлегуваат од состојбата на ратификацијата но во заклучоците беше наведено и дека Венецијанската комисија му останува на располагање на Уставниотсуд на државата  за понатамошна помош по ова прашање.