Али Ахмети се мобилизира
По 15 септември Али Ахмети тргнува во мобилизација на членството , коj според информациите на ТВ 24 во октомври треба да финишира со протести пред Владата . Според висок партиски функционер од Мала Речица, ДУИ со сите нивни функционери тргнуваат во кампаења , која велат ќе личи на изборна кампања,
- Планот е по 15 септември да почнеме средби со општинските организации, лидерот да се сретне со 40 општински организации, но и со граѓани за да им ја објасниме нашата стартегија за легимитимет. Од протестити не се откажуваме и планот е тие во октомври да бидат пред Владата.
Најавите дека ДУИ планира дестабилизација се комплетен дефокус од страна на Владата и премиерот – вели за ТВ 24 висок функционер на ДУИ. И додека Ахмети се мобилизира, Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања на оваа тема вели нема индиции за дестабилизација но имало структури кои се спремни да посегнат по стабилноста на земјата и да предизвикаат одредени инциденти за да го заштитат својот криминално стекнат капитал но доколку дојде до тоа соодветно ќе одговореле.
И министерот Тошковски во неколку наврати посочи дека немаат информации за дестабилизација на државата но доколку дојде до тоа тврдеше дека МВР било спремно да одговори иако за сега се на иста линија со претседателката на државата Силјановска дека не гледаат потреба од свикување на Советот за безбедност не барем во оваа фаза . Сиљановска исто така до сега во неколку наврати посочи дека треба да се направи разлика меѓу индиции и закани и дека за сега не може да го свика советот за безбдност бидејќи како тело се уште не е формиран .