Али Ахмети на средба со ограноците, но не со комплет „огнената“ група - секој на своето

Блерим Беџети и Изет Меџити како што вчера објави ТВ 24, заедно со сарајскиот и чаирскиот огранок денеска во Мала Речица на средба со Али Ахмети.

На состаникот прво биле Беџети и сарајскиот огранок, а потоа и и Меџити со чаирскиот. Според информациите на ТВ 24 од сарајскиот огранок. И Беџети и Ахмети ги повториле своите позиции, Беџети дека министрите на чело со Артан Груби мора да се повлечат, дека немаат легитимитет од базата, но и дека не работат на проектите кои ДУИ ги ветила и на локалните и парламентарните избори.

Беџети според член на огранокот кој што бил на состанокот кажал дека арбитражата не против Ахмети и дека не се залага за своја позиција. Според истиот извор Ахмети му одговорил дека и за него како поранешен министер за правда имало критики, и дека и сега да стане пак ќе има, како впрочем као што рекол и за сите миниситри.

Лидерот на ДУИ ги прашал членовите на огненената група и со кого се договориле за неформалната коалиција со Данела Арсовска во град Скопје, која вчера именувапе двајца директори токму од нивната група.

ветил дека наскотро ќе се формираат партиските органи, а и дека во секое време ахмети со сите минситри вклучително и артан груби би дошол во сараскиот огранок да дадат отчет ...според информациите речиси истите аргументи биле кажани и на сосатонокот со чаирскиот огранок и на Изет Меџити и Висар Ганиу.

Клучен аргумент на Меџити според извори од состанокот бил дека партијата е во слободен пад и попоразот на локалните избори во Тетово ќе ги изгубат и парламентраните ако се продолжи и со исто темпо.

По останокот на својот фб профил Беџети објави форографија со лидерот Ахмети со наслов „цврсто против извршната власт“.