Алексиќ за ТВ 24: Предрасудите и стигмата дека не треба да се разговара со компетентни луѓе треба да се надминат
Татјана Алексиќ професор во средното училиште Раде Јовчевски Корчагин во емисијата 24 Отворено рече дека сме тријада, учител, ученик и родителот како база за здраво семејство.
- Секој од нас треба индивудуално да го решава овој проблем. Децата го знаат поимот булинг и да се преиспитаат сите родители и старатели колку во текот на неделата се посветува на детето. Дали работи со него, дали го имаат времето за него на една пријателска релација. Децата да се научат на домашните работи и таа работа е благотворна и нема време за анкциозност и депресија. Сите сме виновни освен децата и тие до 18 години законски не се виновни. Предрасудите и стигмата дека не треба да се разговара со компетентни луѓе треба да се надминат. - рече Алексиќ.