Александeр-Арнолд ја освои наградата за најдобар млад играч во Премиерлигата
Foto

Александeр-Арнолд ја освои наградата за најдобар млад играч во Премиерлигата

Талентираниот десен бек на Ливерпул, Трент Александeр-Арнолд ја освои наградата за Премиер лига до 23 години. Англискиот интернационалец го престигна триото на Манчестер Јунајтед – Маркус Рашфорд, Ентони Мартиал и Мејсон Гринвуд, како и Мејсон Монт и Кристијан Пулишиќ од Челси, капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, кои исто така беа номинирани.

Александeр-Арнолд (21) беше избран за победник по комбинацијата на гласови на навивачи и комисија на фудбалски експерти.

Десниот бек на Ливерпул оствари 13 асистенции и постигна четири гола во Премиер лигата минатата сезона.

Само плејмејкерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, заврши со повеќе асистенции.

0 Коментари

Остави коментари