Александар Ѓорчевски, таткото на Вања донесен во Кривичен суд

Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, е донесен во Кривичниот суд. Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка. Обвинител побара од судија на претходна постапка да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрагата.

Таткото е донесен во судот откако еден ден помина во полициска станица и во Обвинителството на распит. Утринава Обвинтелството и МВР кажаа дека тој негирал поврзаност, но дека тие поседуваат докази кој го покажуваат спротивното.

Таткото е осомничен дека ги дал информациите за времето и местото кога Вања ќе биде сама, а со цел киднапирање и потоа барање пари од мајката. Но, како што кажа министерот Оливер Спасовски, работите излегле од контрола, па организаторот и првоосомничен Љупчо Палевски-Палчо со пиштол ја затрелал и убил Вања.