Александар Јовиќ е нов тренер на Еурофарм Пелистер

Поранешниот македонски репрезентативец и тренер на Металург 2 и Металург, Александар Јовиќ денес беше претставен како нов предводник на Еурофарм Пелистер.

Младиот тренер денес беше претставен во Битола и веднаш се зафати за работа, бидејќи попладнево ќе прозива како старт на подготовките на суперлигашoт. Во стручниот штаб на Јовиќ ќе работат Зарко и Атанасовски кои и минатата година беа дел од тренерскиот тим.

- Ја информираме ракометната јавност, дека нов тренер на РК Еурофарм Пелистер е Александар Јовиќ. Исто така информираме дека за нов стручен тим-менаџер е назначен Звонко Шундовски.  Управата на РК Еурофарм Пелистер смета дека ова е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона. Упатуваме голема благодарност до Јовиќ и до Шундовски кои во овие сензитивни и значајни моменти го прифатија големиот предизвик. Клубот наскоро ќе го објави составот на стручниот штаб и реогранизацијата до крајот на сезоната.