Александар Јовановски најверојатно кандидат на Мицкоски за Кичево, Лимани на Вреди, Филипче и Ахмети се мислат

Докторот Александар Јовановски најверојатно ќе ја добие повторно довербата на Христијан Мицкоски да се обиде да стигне до првата фотеља во Кичево. Кандидатот со кој Мицкоски трчаше на изборите во 2021 година, според висок партиски функционер во ВМРО-ДПМНЕ е извесно дека ќе ја добие поддршката на лидерот на партијата.

Дека ВМРО ДПМНЕ ќе има кандидат за градоначалник на Кичево потврди и Мицкоски вчера. Јовановски се очекува да биде офицјализиран кон крајот на месецот .

Првиот официјален кандидат  за Кичево стигна од коалицискиоте патнери во Владата , тројката на Вреди . Актуениот министер за социјала Фатмир Лимани , ќе се бори за фотелјата на Фатмир Дехари. Али Ахмети пак се уште се мисли . Дел од неговите функционери за Тв 24 велат дека извесно е дека ќе го истрча Дехари за петти мандат, дел пак велат дека можно е да изненади , со ново име – во игра се и незваиниот Шкодран Алили и екс министрот за економија Крешник Бектеши, кому му виси над глава обвинението за трагедијата во Кочани . 

Најмногу главоболки според информациите на ТВ 24 има Венко Филипче . Неговата база е поделена . Според неофицијалните инфоранции дел од неговите сопартијци во Кичево се за поддршка уште од првиот круг за Јовановски, дел пак децидни дека  СДСМ  мора да извади кандидат , особено по како што велат проблемите со кои се соочувата по смената на власта .

- СДСМ на овие избори мора да има кандидат за градоначалник за Кичево. Членството инсистира на кандидат , особено по се што членовите на СДСМ доживуваат по смената на власта на централно ниво во Кичево. Раководството би се соочило со отпор , но и бојкот доколку се направи договор за јавна или тивка поддршка за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ како на изборите во 2013 година – вели за ТВ  24 партиски функционер од ОО на СДСМ во  Кичево 

 На Бихаќка  пак се уште не пресекле . Според висок партсики функционер на СДСМ поделени се ставовите и во централата, односно дел инсистираат  Филипче да истрча со кандидат во првиот круг, а евентуално преговори со ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да се прават во вториот круг. Од друга страна пак дел се за СДСМ исто како и во Тетово, Гостивар, Сарај , Чаир да нема кандидат, а договорот за поддршка и што конкретно би добиле за неа да биде уште од првиот круг.