Албин Курти имал сообраќајка во Тирана, поминал без повреди
Foto

Албин Курти имал сообраќајка во Тирана, поминал без повреди

Лидерот на Самоопределување, Албин Курти вечерва бил дел од сообраќајна незгода во Тирана, но не бил повреден, јавува „Топ Ченел“.

Информациите се дека возилото во кое се повредувал Курти се судрило со полициски автомобил.

Курти во Тирана ја прославувал победата на изборите во Косово.

„Вечерва возилото на претседателот на движењето Самоопределување, Албин Курти имаше сообраќајка во лесен верижен судир во Албанија кога одеше на славењето на победата во Тирана. Се е во ред и ниту едно лице не е повредено. Активностите продолжија според агендата и нема место за вознемирување“ изјавил портпаролот на Самоопределување, Арлинд Манџука.

0 Коментари

Остави коментари