Албанскиот претседател, Илир Мета во посета на Македонија за 111-годишнината од Дебарскиот конгрес
Foto

Албанскиот претседател, Илир Мета во посета на Македонија за 111-годишнината од Дебарскиот конгрес

Без скоро никакво почитување на протоколите поради пандемијата и со минимална медиумска покриеност, освен на личните фан-страници на Фејсбук, денеска беше одржана посетата на албанскиот претседател, Илир Мета во Дебар, по повод одбележување на 111-годишнината од одржувањето на Дебарскиот конгрес.

Тој на општина Дебар и’ додели посебно признание, како и на уште петмина поединци. Ја истакна потребата од заедничко делување на патот кон Европската унија.

- „Најприоритетно нешто е да го сочуваме соживотот меѓу Албанците и претставниците на другите етнички заедници тука, да придонесеме за економски развој, што ќе значи отворање нови работни места а со тоа и задржување на младите во родниот крај. Депопулацијата, како овде, така и во Албанија е болно прашање, на кое треба да му ставиме крај. Евроинтеграциите за двете земји се од огромно значење, за што се надеваме дека ќе има позитвен тек.“ - рече Мета.

На свечената академија реч зедоа и собранискиот спикер, Талат Џафери, градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Зборувајќи за националната свест, Џафери во своето обраќање го посочи и утрешниот празник за Денот на албанската азбука: 

- „Дебарскиот конгрес е конгресот на будењето на националната свест на Албанците за независност каде силата на националното чувство, со сета волја, визија, моќ и храброст на албанските делегати од сите вилаети, успеа да ги стави на маса за дискусија интересите, потребите и правата на Албанците. Овој конгрес со право може да се смета за прв масовен собир на Албанците кој успеа да поднесе барања со нагласено политички карактер и придобивање на конкретни резултати на национален план во рамките на отоманската империја.“ - рече Мета.

Дебарскиот конгрес, уште наречен заеднички албанско-османлиски уставен конгрес, се одржал од 23-29 јули 1909 година во Дебар а за претседател на Конгресот бил избран ефенди Вехби Дибра, муфтија на дебарскиот санџак.

Посетата на Дебар, Претседателот Мета ја искористи и за посета на Бигорскиот манастир, каде беше заедно со градоначалникот Дука и дебарскиот муфтија, Решат Качалнику. Имаше срдечна средба со Епископ Антаниски, г. Партениј, а се запиша во книгата на спомени. Мета ги посети и двата бањски локалитети, Косоврасти и Бањиште.

0 Коментари

Остави коментари