Албанскиот ансамбл останува без вработени, 34 уметници без продолжување на договорите

Државниот ансамбл на албански народни ора и песни останува без уметници, по истекот на пет годишниот договор истиот не е продолжен. Поранешните вработени бараат министерството за култура, финансии и владата да се заложат за решавање на нивниот проблем.

Според нив, согласност за вработување е добиена за 2024 година, но конкурсот не можел да се одржи на почетокот на годината поради изборните рокови. Отпуштените работници го обвинуваат директорот Шкодран толај за настанатата состојба и дека тој си функционира како ништо да не се случува.