Албанија: Од јануари минималната плата 211 евра
Foto

Албанија: Од јануари минималната плата 211 евра

Албанската Влада донесе одлука за зголемување на износот на минималната плата во земјата за 2.000 леки или околу 17 отсто.

Со ова зголемување наместо 24.000 минималната плата ќе биде 26.000 леки, односно околу 211 евра.

Одлуката, која стапува во сила на први јануари следната година, мора да ја почитува секое физичко и правно лице, без разлика дали станува збор за домашен или странски работодавец.

Платата следува за 174 часови работа месечно.

Последното покачување на минималната плата во Албанија беше во мај минатата година.

0 Коментари

Остави коментари