Албанија го отвора последниот преговарачки кластер со ЕУ, цели кон членство до 2030

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ. Откако ги почна преговоирите заедно со Македонија во 2022 година, државата е пред заокружување на целиот процес.

Амбициите се до крајот на 2027 година да се завршат преговорите, по што би следела процедурата за ратификација на договорот за членство ...Според проценките, Албанија би можела да стане членка на ЕУ во 2030 година. 

Еди Рама – премиер на Албанија

„Она што се уште беше само сон пред нешто повеќе од една година, сега прерасна во работен план и реалност на кој мора да работиме во нашиот секојдневен живот. Никогаш не земајте ништо здраво за готово во Брисел. Дури кога овде се насмевнуваат, не го земајте тоа здраво за готово, затоа што насмевката може за миг да исчезне од нивните лица . Никогаш да не заборавиме дека на крајот она што ќе го сработиме со нашите раце не е важно за нив, туку за нас.“

Напредокот но и посветеноста на Албанија на европскиот пат – потврден и од Европската комисија...За еврокомесарката за проширување Марта Кос– успехот се должи на заедничката работа но и барањето на албанските граѓани за промени... 

ЕУ, Марта Кос - комесар за проширување на ЕУ

„Албанија е најдобриот пример за трансформативната моќ на проширувањето и покажува дека кога испорачувате и напредувате. Таа е инспирација за многумина на Западниот Балкан и за многу граѓани кои би сакале да ја видат истата решителност и промени во нивните земји.“

Македонија, која заедно со Албанија ги започна пристапните преговори, останува заглавена на патот кон европската унија..Сепак, според премиерот Христијан Мицковски, Македонија е далеку пред Албанија – иако Тирана го отвори и последниот кластер а земјава нема ниту еден.

И во последниот извештај за напредокот на државите кандидати се наведува дека Македонија се уште не ги усвоила потребните уставни измени кои се пречка преговорите да продолжат....Од опозицијата обвинија дека ова е најлошиот извештај за Македонија во последните 10 години додека пак владеачката ВМРО-ДПМНЕ, документот од Брисел го нарече извештајче чија цел се политички условувања и притисоци ...