Алармантна состојбата во хотелиерството во туристичките центри

На хотелите во охридско-струшкиот регион и оваа зима им се заканува целосно затворање. Повеќето од нив и сега се затворени. Дел од нив кои работат, со минимален број на вработени, кои земаат 70% од платата.

Од ХОТАМ велат дека доколку продолжи ваквата ситуација, ќе немаат приходи за исплати на плати и ќе има отпуштања. 

Барањата на ХОТАМ за Владина помош, посебно за плати за вработените, сè уште чекаат на разгледување. Без финансиска помош стравуваат дека голем дел од вработените во овој сектор ќе останат без работа. 

Првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски вели дека за закрепнување на туристичката индустрија неопходен чекор е интензивна промоција. Препорака на директорот е туристичкиот сектор што помалку да размислува за субвенционирање и помош. 

Перидов главен ресурс на хотелите за заработка им беа семинарите но и тие како растат повторно бројките на заболени од ковид 19 полека се откажуваат. Од кризата во овој сектор на раб на егзистенција веќе две години се повеќе од 500ини семејства од Охрид и Струга. Надеж за заработка е Нова година и празниците но и тоа зависи од текот на пандемијата.