Алармантна состојбата со Преспанското Езеро

Ситуацијата со Преспанско Езеро е се полоша.Вода се помалку, калта и тињата ги голтаат плажите.Сликата од терен е алармантна но и тажна.Цели површини на брегот се исушени, водата се повеќе се повлекува а конкретни мерки нема.Засега се е само на хартија. Потребна е интервенција час поскоро од трите држави кои го делат езерото велат од Хидробиолошкиот институт.

Повлекувањето на водата е ризик фактор и за појава на разни заразни болести Благоја Китановски од Специјализираната болница за респираторни заболувања Отешево.

Изјава др. Благоја Китановски директор Специјализирана болница за респираторни заболувања-  Отешево.

Од 1963 година наваму Преспанско Езеро се повлекува. А според некои истражувања Во изминатите шест децении езерото загубило околу 60 отсто од волуменот на водата.

Она што дополнително загрижува е што повлеченоста на водата на различни крајбрежни делови е се поголема. Ако во Претор се повлекла за 10 или 20 метри, на крајбрежјето во Стење или Коњско брегот е проширен за 150–180 метри во должина зависно од местоположбата.