Алармантна состојбата со ковид во Тетово
Foto

Алармантна состојбата со ковид во Тетово

Корона вирусот ја наполни тетовската болница. Во моментот таму се хоспитализирани 32 заболени, 30 во тешка состојба на кислородна подршка. Четворица се вакцинирани со две дози и уште толку со една доза, другите не се вакцинирани.

Шест пациенти се дојдени од стратство од Италија и  Германија. Полни се и амбулантите. Лекарите претпоставуваат дека се работи за новиот делта сој, бидејќи вирусот е многу заразен и болеста се развива бргу.

Тетово е со најголем број на заболени, наспроти слабиот интерес за вакцинација. Напливот започнал пред три недели. Лекарите велат дека неносење маски, свадбени и други веселби на затворено, зголемен број луѓе од странство, се причината што четвртиот бран започна во Тетово.

Во болниците низ државата има 105 хопспитализирани со Ковид, 20 на Инфективна, 20 во Гостивар, 10 во Кумнаово, а Тетово предводи на листата со најмногу заболени.

0 Коментари

Остави коментари