Алаѓозовски во Аргумент плус: Со години Саемот на книга се поддржува со премалку пари
Поранешниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски во Аргумент плус рече дека најмал проблем на Саемот на книгата е да се донесат гости автори, бидејќи тоа е најмала ставка на чинење.
Според него, најголем проблем е тоа што Македонија е мал пазар а има премногу издавачки куќи.
„Најмал проблем е да се донесат гости бидејќи тоа е најмала ставка на чинење, трошоци за престој, авионска карта и евентауално да се види колкав е хонорарот и ако се замоли да биде понизок ќе имаат разбирање. Хонорарот не е трошок голем, кај нас доаѓале луѓе од литаретурата, биле вредни автори, не разговараме за книжени ѕвезди во комерцијалата. Во таа смила не е проблем. Повеќе е како е поставен цел систем на издваштвото. Така што, ние сме премал пазар, имаме премногу издавачки куќи многу од нив не ги задоволуваат основните сегменти да бидат издавачи но понекогаш знаат да донесат вредни гости“, рече Алаѓозовски.
Тој зборуваше и за авторите кои се носат на саем а се комерцијална литература.
„Кај нас не се разграничени работите и се е на едно место и овој тип на литература која е комерцијала ако дојде на саем се губи реномето но ако сме во смисла инклузивни без добри цели и визија тогаш ситуацијата е дај што ќе дадеш но проблемот е што Министерството за култура треба да ја преземе улогата на предводник. Со години Саемот се поддржува со премалку пари“, рече Алаѓозовски.