Ал Џезира: Талибанците имаат „работен однос“ со САД на аеродромот во Кабул
Foto

Ал Џезира: Талибанците имаат „работен однос“ со САД на аеродромот во Кабул

Талибанците имаат „работен однос“ со Американците на аеродромот во Кабул во однос на безбедносните прашања, изјави за телевизијата Ал Џезира Абдул Кахар Балчи, член на комисијата за исламистичка култура.

Балчи рече дека контролните пунктови надвор од територијата на аеродромот се под контрола на талибанците, додека оние внатре се под американска контрола.

– Тие се во постојан контакт едни со други, истакна тој.

Неименуван претставник на НАТО денеска рече дека западните сили „одржуваат строго растојание од надворешните области на аеродромот во Кабул за да спречат судири со талибанците“.

Балчи изрази жалење што жителите брзаат кон аеродромот за да го напуштат Авганистан, велејќи дека нивниот страв и хистерија се неосновани бидејќи талибанците издале општа амнестија, дури и за припадниците на безбедносните сили.

Балчи исто така рече дека талибанците првично не сакале да влезат во Кабул. Тие планираа претходно да најдат политичко решение и да формираат влада со други сили. Тој, исто така, рече дека сите се изненадени од брзината на нивниот напредок.

Од кога ја презедоа власта минатата недела, талибанците бавно ги пополнуваат функциите на власт. Делумно, тие ги повикаа и поранешните владини вработени да се вратат на своите работни места, пишува агенцијата ДПА. Во исто време, во тек се разговори со други политички сили за формирање нова влада.

0 Коментари

Остави коментари