Активности за почеток на процедурите за уставните измени

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета оти прашањето за уставните измени не треба да се води преку медиумите, туку коалиционите партнери треба да седнат на маса и да одлучат за понатамошните чекори.

Токму како резултат на уставните измени, дел од албанските партии во земјава бараат албанскиот јазик да се именува како таков и во уставот, а претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари смета дека оваа промена ќе ја прифатат и македонските партии во земјава.

- Алијансата за Албанците е среќна што сега дојде моментот кога политичките партии во Македонија ќе можат да ја изразат својата согласност албанскиот јазик да се именува како таков и повеќе да не се нарекува погрешно „20%“. Предлагаме оваа промена да се случи сега и сме убедени, не само во согласувањето на албанските партии, туку и на сите партии во Македонија. - изјави Арбен Таравари.

Движењето БЕСА е на листа линија со Алијанса, според нив, албанскиот јазик треба да биде еднаков со македонскиот.

Движењето БЕСА нема забелешки за вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на уставот, но јас ќе инсистирам да се измени петтиот амандман од уставот и албанскиот јазик да биде еднаков со македонскиот во Република Северна Македонија.

Според БЕСА и Алијанса оваа промена нема да биде значајна само за Албанците во земјава туку и за европската иднина, а Таравари изрази и надеж оти Ковачевски и Мицкоски нема да имаат ништо против оваа идеја.

Во меѓувреме во министерството за правда се конципират работните групи кои ќе работат на уставните амандмани. Велат ако вмро дпмне не делегирта свои претставници групите ќе се формирале и без нив.