Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

Центарот за управување со кризи соопштува дека до утрово на територијата на државава се евидентирани три активни пожари. Активен е пожарот во прилепското село Бешиште каде што гори мешана шума. Во село Црешнево, во општина Македонски Брод, активен е пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Не е изгаснат и пожарот во општина Чашка под Солунска глава. Пожарот е шумски, нема активен пламен, туку само чад во карпест предел. На армискиот полигон „Криволак“ беа презентирани противпожарни возила.